Ирска европарламентарка: ЕУ се однесува како вазал на САД, и на Европејците и на Украинците им е во интерес да живеат во мир со Русија

Западните санкции не придонесуваат за крај на конфликтот во Украина, изјави ирската европратеничка Клер Дејли за „Глобал Тајмс“.

Никогаш не ни помислив дека НАТО е таму за да ги заштити мирот и безбедноста во Европа. И ако луѓето мислеа дека тоа е неговата цел, тогаш сигурно никогаш не успеа да ја постигне. Претпоставувам дека Алијансата беше другата страна на Студената војна. НАТО никогаш и никаде не донел мир. Всушност, ги решава проблемите што самото ги создава. И мислам дека тоа многу јасно го покажуваат земјите како Либија и другите кои тие (членките на НАТО) успеаја да ги опустошат. Значи, тие воопшто не се мировни сили, не само во сегашната, туку и во минатите кризи – истакнува Дејли.

Европратеничката тврди дека со почетокот на руската операција во Украина, идејата за европска автономија исчезнала и дека земјите од ЕУ буквално се однесуваат како вазали на САД. Таа смета дека Европа, на тој начин, ги жртвува сопствените економски и безбедносни интереси за интересите на САД, кои се спротивставени на Русија.

На крајот на краиштата, очигледно е дека е во интерес на граѓаните на цела Европа, вклучувајќи ги, пред сè, граѓаните на Украина, да живеат во мир со Русија на нашиот континент, да прават бизнис, да разменуваат култури, да тргуваат и да живеат во хармонија. А, единствениот начин да се постигне тоа е да се преговара за безбедност – не против Русија, туку со Русија. Но, за жал, Европа го прави токму спротивното – истакнува Дејли.