Истанбулската населба Аксарај била центар на улична тепачка каква што ретко може да се види, кога еден ирски турист успеал сам да излезе на крај со цела банда турски улични продавачи, пренесува српски „Курир“
Уличната тепачка почнала кога корпулентниот ирски турист сакал да земе вода од фрижидерот на една продавница на една од улиќните банди, но тоа го направил многу несмасно, бидејќи сите шишиња испопаѓале на улицата. Паѓањето на шишињата многу го налутило сопственикот на продавницата, кој прво го удрил туристот со дрвена летва, што се покажало како голема грешка.
Снимката прикажува дека овој ирски турист речиси не го почувствувал ударот, а пресметката од продавницата се префрлила на улицата.
Напаѓачите од Ирецот кршеле столчиња, го тепале со шипки, но ништо не помогнало за да го соборат на земја. Тогаш Ирецот се изнервирал и нокаутирал неколку Турци на земјата, па останатите поради страв да не завршат како колегата се откажале од понатамошен напад.
Тогаш Ирецот многу се изнервирал и нокаутирал неколку Турци. Останатите, од страв да не завршат како своите колеги, се откажале од напад.
Како што објавија британските медиуми, подоцна е утврдено дека турските продавачи се насочиле на погрешен човек. Овој ирски турист бил професионален боксер.