Ирскиот паралмент во четвртокот нацрт-законот со кој се легализира абортусот, седум месеци по историскиот референдум на кој Ирците се изјаснуваа против неговата забрана.
Премиерот Лео Варадкар, кој го вети референдумот кога дојде на власт во јуни 2017 година, изјави преку својот профил на Twiitter дека го поздравува „историскиот момент за ирските жени“.
Во мај годианва Ирцијата на референдумот со 66 отсто од гласовите ја поддржаа либерализацијата на абнортусот, што претставуваше општествен потрес во земјата со 4,7 милиони жители и силна католичка традиција.
Ирскиот закон за абортусот беше еден од најстрогите во Европа и не признаваше исклучоци дури ниту во случаи на инцест, силување или малформации на плодот.
Историскиот референдум предизвика силни емоции кај заговорниците и кај противниците на ублажувањето на законот и ја подели традиционално католичка Ирска. Ирските граѓани всушност се изјаснуваа за 8-от амандман од Уставот, воведен во 1983 година, со кој абортусот беше целосно забранет сѐ додека во 2013 година не беше воведен исклучокот за мајките на коишто со бременоста им се загрозува животот.