Исчезна поранешен синдикалец

Поранешниот синдикалец Оливер Стојановски, кој пред еден месец учествуваше во сообраќајка возејќи возило на Министерството за одбрана исчезнат е веќе неколку дена- објави 24 Вести.

Семејството последен пат го видело во петокот во 8 часот наутро, а случајот е пријавен во полиција и во МО. Од МВР веќе трагаат по него.

Од министерството за одбрана каде е вработен Стојановски велат:

„Од случувањето на сообраќајната несреќа до денеска не се појавил на работа. Било доставено боледување со датум до 30 ноември, со најава дека ќе биде обезбедено продолжување на боледувањето. Претпоставените на Стојановски се обиделе да воспостават контакт со него но воопшто не било можно да се воспостави контакт на неговиот телефонски број. Од моментот кога МВР известила за неговото исчезнување, сите податоци кои МВР ги побарало за Оливер Стојановски, биле доставени од страна на неговите претпоставени.“