Исчезнаа малолетничка од Кавадарци и жена од Штип

Две лица се пријавени за исчезнати во текот на изминативе 24 часа.

Во Полициската станица-Штип, Т.С. (56) вчера пријавил дека на 12. месецов од  домот во непознат правец се оддалечила неговата сопруга С.С. (50).

Вчера во Полициската станица-Кавадарци, И.Е. (37) од Кавадарци пријавил дека истиот ден  од  домот во непознат правец се оддалечила неговата петнаесетгодишна ќерка.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на двете лица.