Исчезнаа три деца од згрижувачки семејства и едно од Домот „25 Мај“

Три малолетни деца сместени во згрижувачки семејства во Штип, се водат за исчезнати од вчера.
Според полициски информации, случајот го пријавил вработен во Центарот за социјални работи Штип (кој бил назначен како старател на малолетни лица од згрижувачки семејства во Штип). Трите деца се на возраст 12, 16 и 14 години.
Полицијата презема мерки  за пронаоѓање на лицата.

Исто така, вчера во полициската станица Чаир, социјален работник од домот „25-ти Мај“ пријавил исчезнување на 14 годишна штитеничка на Домот, во периодот од 31.03 до 02.04.2018 година.

Системските пропусти и проблемите со кои се соочуваат штитениците на овие домови, не се воопшто непознати, а бегањето од овие институции е реалност на која со години наназад се алармира.

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, неодамна најави процес на деинституционализација на домовите за деца, реформа која би овозможила подобар индивиуален пристап кон секое дете и подобра грижа.