Исчезна папка со доверливи информации за руско мешање во изборите во 2016, кога Трамп ја напуштил функцијата

Според најнови извештаи, папка со доверливи информации поврзани со руското мешање во изборите во 2016 година, исчезнала кога поранешниот претседател Трамп ја напуштил функцијата, јавија американски медиуми.

Во папката имало „необработени разузнавачки информации“ на САД и сојузници на НАТО за Русија и руски агенти, првично јави Си-Ен-Ен. Папката последен пат била забележана во Белата куќа за време на последните денови на функцијата на поранешниот претседател и наводно оттогаш не е видена, објави Хил.

Папката „Crossfire Hurricane“ предизвика загриженост за можното ширење на чувствителни информации, објави Њујорк Тајмс. Името на папкат го отсликува она на истрагата на ФБИ за наводните врски меѓу кампањата на Трамп во 2016 година и Русија.

Информациите во неа биле толку чувствителни што дури и пратениците и помошниците во Конгресот со строго тајни безбедносни сертификати можеа да го разгледаат материјалот само во седиштето на ЦИА во Меклин, Вирџинија, јави Си-Ен-Ен. Редактирана верзија е достапна на веб-страницата на ФБИ.

Трамп издаде наредба со цел да се декласифицира поголемиот дел од содржината на папката во деновите пред да ја напушти функцијата, јави Си-Ен-Ен.