
Албански државјанин, кој пред неколку седмици бил пријавен како исчезнат, бил пронајден мртов во Скопје, пренесуваат во четвртокот албанските медиуми.
„Р.К. кој пред неколку недели беше пријавен за исчезнат, е пронајден мртов во Македонија. Неговото безживотно тело е пронајдено закопано во Скопје. Од извршената ДНК анализа и отпечатоци од прстите, е потврден неговиот идентитет“, пишуваат едиумите во Албанија.
Албанскиот медиум Balkanweb наведува дека станува збор за 35-годишниот Рик Беу, жител на Кревиди кај Каваја.