
Во Куманово е пронајдено 15-годишното момче, кое беше пријавено за исчезнато. Момчето е од скопската населба Чаир, а неговите родители го бараа од вчера.
Денеска (12.07.2023) во 14.45 часот во Куманово, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Центар и Бит пазар – Потраги го пронашле Ф.Ф.(15) од Скопје за кој во 02.00 часот во Полициската станица Бит Пазар неговиот татко Л.Ф. пријави дека се оддалечил од домот, велат од МВР.