Исчезнатите во судирот на Косово, прогласени за мртви

Судот во Призрен прогласи за мртви повеќе од 350 лица, исчезнати во текот на судирите на Косово, најголем дел од селото Мала Круша, врз основа на барањето на членовите на семејството, пишува денеска косовскиот медиум Зери.

Една од главните причини за барањата на членовите на семејствата е решавање на проблемите со наследството, пензијата и брачниот статус, наведе судот.