Девојчето од Демир Капија кое се водеше за исчезнато, се врати дома.
Мајката на девојчето која го пријави нејзиното исчезнување синоќа се јавила во полиција и соопштила дека ќерката и се вратила.
Се уште не е познато каде било девојчето и која е причината поради која неколку дена беше исчезната.
Според првичните информации, според изјавите на нивни соседи, причината е банална. Имено, нејзиното семејство живее во Шведска, а во земјава дошле на годишен одмор.
Толку и се допаднала Македонија, што воопшто не сакала да се врати дома. Во четвртокот околу 23 часот излезе од дома и ја немаше до синоќа.