![Cistenje korita juni 2015 (4)](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/06/Cistenje-korita-juni-2015-4.jpg?resize=696%2C472&ssl=1)
Согласно со Програмата за одржување на коритото на река Вардар, нејзините притоки, реките Серава, Лепенец, Треска и отворените канали на подрачјето на Град Скопје за 2015 година, по налог на Градот, екипи на ЈП „Улици и патишта“ спроведувaa активности за рачно чистење на косините и коритата на реката Вардар и на Усјански канал.
Како што информираат од Град Скопје, екипите на ЈП„Улици и патишта“ во текот на изминатиот месец рачно ги чистеа косините и коритото на реката Вардар од нискостеблеста вегетација.
Чистењето се спроведе на потегот од Луна Парк во правец кон мостот Гоце Делчев од двете страни на косините и на коритото во должина од 1.300 метри. Исто така, целосно се исчистени косините од двете страни, како и коритото на реката Вардар на потегот од мостот кај Холидеј ин до мостот на Железничка станица во должина 800 метри. Екипите на ЈП„Улици и патишта“ рачно исчистија од нискостеблеста вегетација вкупно 4.200 метри.
Рачно е исчистена нискостеблестата вегетацијата и на двете страни на косините на коритото на Усјанскиот канал на територијата на Општина Аеродром од улица Горно Лисиче до железничката пруга, во должина 680 метри, како и во Општина Кисела Вода од населбата Усје до железничката пруга во населбата Градинар, во должина од 1.135 метри.
Екипите на ЈП„Улици и патишта“ рачно исчистија вкупно 3.630 метри од Усјанскиот канал кои беа обраснати со густа вегетација .