
Со комбинација на само три состојки можете во целост да ги исчистите артериите и да се решите од масните наслаги во крвта и крвните садови.
Овој моќен еликсир служи за чистење на затнатите артерии (атеросклероза), за регулација на покачените маснотии во крвта, за превенција на општата омалаксаност на организмот, во превенцијата и лекувањето на инфекции и настинки, за зајакнување на имунолошкиот систем, за чистење на црниот дроб и зајакнување на ензимите во црниот дроб како и за сузбивање на слободните радикали во организмот што предизвикуваат голем број сериозни болести.
Состојки:
- 4 поголеми главици лук (околу 40 чешниња)
- 4 неизлупени лимони
- Помал корен ѓумбир или две лажици ѓумбир во прав
- 2 литри вода
Подготовка:
Измиете го лимонот и исечкајте го на парченца. Доколку лимонот не е органски или е прскан, измијте го раствор од оцет и вода. Излупете го лукот и ставете го во блендер заедно со лимонот и ѓумбирот. Се заедно исмиксирајте така што ќе добиете хомогена маса. Измиксираната смеса ставете ја во метално тенџере, ставете 2 литри вода и зовриете ја смесата.
Штом ќе почне да врие, тргнете ја смесата од оган и оставете да се олади. Процедете ја течноста и чувајте ја во стаклени шишиња (доколку не ви пречи, не мора да ја процедувате).
Примена:
Земајте по една чаша (200 мл) од овој пијалок секој ден, најмалку 2 часа пред оброкот или на празен стомак. Пред секое користење добро протресете го шишето.
Очекувајте дека енергијата ќе ви се врати само за неколку недели, а циркулацијата во целост ќе ви се поправи.