
Кај уринарните инфекции најважно е да се „испере“ организмот од големите количини течности, за да се исфрлат бактериите како Ешерихија коли, која е главен причинител на воспаление на мочните патишта. Затоа во овие случаи се препорачува пиење на билни чаеви и вода со природни сокови од брусница и боровница.
За чистење на бактериите важна е и исхраната, бидејќи одредени намирници поради својот состав можат да ја подобрат или влошат состојбата.
Како што кафето и чоколадата неповолно влијаат на воспалението на мочните патишта, така постојат одрдени намирници кои се препорачуваат во исхраната се додека трае инфекцијата.
Погледнете кои намирници треба да се конзумираат, а кои да се избегнуваат во текот на воспалението на мочните патишта.