![drva orce nikolov](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/06/drva-orce-nikolov.jpg?resize=696%2C314&ssl=1)
Саша Богдановиќ, градоначалникот на Општина Центар, информира дека екипи на ЈП „Паркови и зеленило“, утринава отстрануваат 13 дрва при реконструкција на улицата „Орце Николов“, на потегот од раскрсницата со улица „Ленинова“ до раскрсницата со улица „Рузвелтова“.
„Дрвата кои се отстрануваат се стари и болни, со трули стебла, чии гранки удираат во станбените објекти кои се наоѓаат на улицата и претставуваат опасност за минувачите“, објави Богдановиќ.
Градоначалникот најавува дека отстранетите дрва наесен ќе бидат заменети со нови, висококвалитетни садници од видот Јавор.
Во меѓувреме граѓани реагираат дека дрвата биле израснати и зрели, како и дека Богдановиќ пред реконструкцијата ветил дека ниту едно дрво нема да се исече.