Пресечени биле бакарните цевки кои спроведувале медицински гас до операционата сала во Специјализирана болница за нефрологија во Струга, соопшти Министерството за внатрешни работи, откако во петокот анестезиолог во болницата го пријавил оштетувањето.
„На 18.03.2022 во 10,05 часот во СВР Охрид, Д.Д.(61) од Струга, вработен како анестезиолог во ЈЗУ„Специјализирана болница за нефрологија“-Струга, пријавил дека на 17.03.2022 во временски период од 17,00 часот до моментот на пријавување, непознат сторител со употреба на предмет насилно дејствувал на цевките на централниот довод за гасови на машинската куќа до салата за операција во болницата, така што прво била оштетена надворешната обвивка, потоа во внатрешноста од цевката насилно биле исечени бакарните цевки кои спроведувале медицински гас до операционата сала во зградата“, велат од МВР.
Констатирано е дека се украдени неколку метри бакарни цевки за азотен оксидул.
Екипа на Полициската станица во Струга извршила увид и работи на случајот.