Џихадистите на Исламската држава во Ирак и Сирија (ИСИЛ) денеска соборија сириски авион додека изведувал воздушни напади на територијата каде е прогласен калифат, јавува Ројтерс.
Ова е прв пар борците на ИСИЛ да соборат воен авион откако прогласија калифат во делови на Сирија и Ирак во јуни оваа година. Авионот е соборен во градот Раки на 400 километри североисточно од Дамаск.
Сириските власти соопштуваат дека во Раки имало пет водушни удари.
Истражувачите на ОН за воени злосторства денеска ги предупредија светските сили кои подготвуваат воена акција против џихадистите дека „законот војна“ важи и за нив и дека мораат да направат се што е возможно да ги заштитат цивилите.
Претседателот на САД, Барак Обама, минатата недела одобри воздушни напади над Исламската држава во Сирија, а околу 40 земји, вклучувајќи и 10 арапски држави, го прифатија формирањето на коалиција со цел заедно да се борат против ИСИЛ.