ИСИС ја превзеде одговорноста за нападот во Мелбурн

Полицијата пронајде боци со плин во автомобилот кој денеска се заби во еден трговски центар во Мелбурн, а потоа напаѓачот со нож избодел неколку лица, по што едно лице го загуби животот. Полицијата притоа го застрела терористот, кој почина во болница.

Напаѓачот бил од Сомалија, имал 31 година и во деведесетите дошол во Австралија. Некои членови на неговата фамилија биле веќе познати на полицијата поради тероризам и други прекршоци.

Одговорноста за нападот ја превземала терористичката организација ИСИС, јавува „Индепендент“. Преку својата агенција објавиле дека напаѓачот е еден од нивните членови.

Напаѓачот ранил и две лица кои се наоѓаат во болница, но не се во животна опасност. Автомобилот се запалил и требало да експлодираат боците со плин, но не излегло онака како што планирал.

Излезе видео како ги напаѓа полицајците на влезот од трговскиот центар.