ИСИС ја презеде одговорноста за нападот во Таџикистан

Владата на Таџикистан ја обвини забранетата исламистичка партија за нападот на 29 јули, при што загинаа четири странски туристи, додека Исламската држава тврди дека стои зад нападот. Повикувајќи се на признанието на еден од уапсените осомничени, министерството за внатрешни работи на Таџикистан објави дека лидерот на напаѓачите поминал обука во Иран.

Владата во Душанбе ја забрани реконструкцијата на Исламската партија за обнова на Таџикистан во 2015 година обвинувајќи ја за обид за државен удар. Партиските лидери кои сега живеат во егзил ги отфрлија обвинувањата и рекоа дека целта на мерките преземени против нив и да се зацврсти власта на Имомили Рахмон. Претходно во вторникот од партијата испратија порака на сочувство до семејствата и државите од кои што беа жртвите.

Новиската агенција на Исламската држава, Амак, објави дека ИС е одговорен за нападот. Ова е првпат оваа група да тврди дека стои зад нападите во Таџикистан, но не даде никакви докази за своето тврдење.

Четорица туристи, американски, швајцарски и холандски државјани, загинаа, а двајца се повредени кога во нив се залетал автомобил од кој излегле вооружени лица и ги нападнале, соопштија властите власти во понеделникот.
Нападот се случи во неделата на позната велосипедска патека во близина на Дангара, на 150 километри јужно од главниот град Душанбе.

Таџикистанските власти првично објавија дека се работи за несреќен случај, но подоцна информираа дека осомничените имале ножеви и огнено оружје. Според соопштенијата за печатот објавени од страна на полицијата, најмалку четири осомничени биле уапсени, а петмина загинале во полициска акција против напаѓачите.