Центарот за управување со кризи во утринските извештај информира дека екипа на ЕВН ја прекина испораката на електрична енергија на филтер станицата и бунарските системи поради што ќе има прекин во водоснабдувањето од бунарите со што значително ќе се намали протокот на вода во Делчево и повисоките делови од градот нема да имаат вода.
Поради сериозната состојба со пожарите во околината на Делчево и потребата од континуирано снабдување на противпожарните единици со вода се апелира за рационално користење на водата.
-Поради тоа што има прекин на електричната енергија не се врши хлорирање на водата и истата не е исправна за пиење и може да се користи само како техничка вода. Поради брзото ширење на пожарот и неможноста да се локализира од ТППЕ Делчево и припадници на Армијата се оставени дежурни екипи, стои во извештајот на ЦУК.
Според најавите од раните утрински часови повторно ќе се интервенира на терен за гаснење на големите пожари.