Исклучително топло со мала облачност

И во петокот на територијата на Македонија ќе продолжи сончевото и икслучително топло време, со мала до умерена локална облачност.  Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Вредноста на ултравиолетовото зрачење (UV) ќе биде висоока 9.

Утринските темепратури се движат од 14 до 22, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 31 и 41 Целзиусов степен.

Во Скопје и околината, исто така, ќе биде сончево и многу топло, а максималната температура ќе достигне до 40 степени.