Иско ќе биде нов светец на Паркот на Принцовите

Името на резервниот “плејмејкер” на Реал Мадрид, Иско, е последното кое може да се прочита во списокот со фудбалери кои би требало да го засилат и така силниот тим на ПСЖ за време на летниот преоден рок.

За време на последниот состанок кој го имал со клупските челници, предводникот на “светците”, Лорен Блан потенцирал дека има потреба од нов крилен напаѓач кој ќе биде ангажиран како замена за Жереми Менез.

Иско е прв на списокот со потенцијални засилувања, а најавениот трансфер може да биде реализиран за време на летниот преоден рок само доколку официјалната понуда на актуелниот шампион на Франција не биде помала од 25 милиони евра.