Двасет и осумгодишниот шпански фудбалер Иско сака да ги напушти Реал Мадрид поради малата минутажа, пренесуваат во вторникот шпанските медиуми
Иско оваа сезона одигра вкупно десет натпревари во сите натпреварувања, а само трипати беше во почетниот состав на „Кралевите“.
Медиумите наведуваат дека играчот од средниот ред има „комплициран“ однос со тренерот Зинедин Зидан, а договорот му истекува во јуни 2022 година. Челниците на Реал не сакаат Иско да го дадат на позајмување во друг клуб и за него бараат отштета од 60 милиони евра.
Севилја единствена досега отворено покажа заинтересираност да го ангажира Иско, но не е во состјба да плати толку висока отштета. Во игра се споменуваат и некои англиски клубови, но засега нема ниедна конкретна понуда до Реал.
Во вторникот англиските медиуми, пак, објавија дека менаџерот на Арсенал пројавил интерес за ангажирање на шпанскиот играч за врска.
Иско дојде во Реал во летото 2013 година од Малага во трансферот кој изнесуваше 30 милиони евра.