Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Иско се опорави од повредата и започна да тренира заедно со тимот. Според информацијата објавена на официјалната веб-страница на Реал, играчот од средниот ред се опорави од повредата на колкот и заедно со соиграчите ги започна подготовките за средбата од 6. коло на Шпанското првенство со Осасуна.
Тренерот Зинедин Зидеан се уште ќе ги нема на располагање, барем на заедничките тренинзи, Марсело и Лука Модриќ. Двајцата поради повредите не се во состојбата да работат со полн интензитет и затоа се вклучени на индивидуална програма.