![obama-2](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/06/obama-2.jpg?resize=605%2C328&ssl=1)
Американскиот претседател Барак Обама денеска изјави дека од исламистите искалени во борбите во Сирија и Ирак доаѓа се поголема закана, бидејќи со европски пасоши можат да влезат во САД.
Обама наведува дека овие екстремисти претставуваат опасност, бидејќи нема да им биде потребен американски пасош за да дојдат во САД, пренесуваат американските медиуми.
Американскиот претседател за ТВ мрежата Еј-Би-Си кажа дека САД мораат да го подобрат системот за надзор, извидување и собирање разузнавачки податоци за да го неутрализираат овој ризик, како и дека во сето тоа своја улога ќе имаат и специјалните сили на САД.
Обама, исто така, додаде дека може да бидат употребени и воени удари врз организации кои можат да им наштетат на САД.
Американската нација во текот на целиот претседателски мандат на Обама е соочена со сериозни закани од Европејците како и од некои други кои го прифатиле џихадот, наведуваат американските медиуми.