
Соработката меѓу американското разузнавање и франциските безебносни служби резултирала со апсењето на ислимастот кој се обидувал да купи автоматска пушка „калашников“ во Франција и проучувал локации на синагоги и супермаркети, објави во саботата телевизијата BMF TV повикувајќи се на франциските експерти за кибернетичка безбедноста и противтероризам Себастијан Бусоа и Никола Арпањан за случај кој е обелоденет еден месец по операцијата.
Според нив, 27-годишниот Французин, кој живеел во департманот Сена-Сан-Дени, северно од Париз, контактирал со продавачи на оружје преку ткн платформа даркнет која ја користат криминалните групи и на која се вршат забранети трговии. За остварување на зделката уапсениот добил од нив координати, а операцијата ја забележале американските служби вклучени во борбата против сајбер-криминалот. Станувало збор за еден автомат и шест шаржера.
„Постои тесна соработка меѓу франциските и американските специјални служби во борбата против тероризмот“, вели Бусоа за BFM TV и истакнува дека „значително внимание се посведува на следење на она што се случува на даркнет, бидејќи оваа зона многу тешко се држи под контрола“.
Во прилогот на BFM TV се додава дека во целата операција за октривање и апсење на исламистот, исто така, биле вклучени и белгистките специјални служби. Според порталот Actu-17, исламистот имал намера и да купи мачета.
„За жал, преку интернет многу лесно може да се набави оружје. Покрај тоа групата Исламска држава активно е присутна на мрежата ширејќи ја својата идеологија која ги поттикнува луѓето на изведување терористички напад“, вели експертот.
Уапсениот претходно бил под надзор на франциските безбедносни служби. Информациите за него биле внесени во специјалната електронаска база на подоатоци со лица наклонети кон исламистички радикализам и терористички напади.
Според францускиот портал L’independent и радиото RTL, екстремистот бил приведен уште на 1-ви септември во градот Нуазо-ле-Сек. Истражувањето на неговиот мобилен телефон дека тој пребарувал на интернет информации за париските синагоги и локации на супермаркети. Исто така, бил заинтересиран за информации за радикалното движење Талибан и начините како од Европа да се стаса во Сирија.
Приведениот во моментов се наоѓа во притвор, а во текот на сослушувањето изјавил дека сакал да купи автоматската пушка „за спортско стрелање“.
По привремениот притвор, кој според францускиот закон може да трае и до 96 часа, против него е започната истрага под сомнение за формирање терористичка група. Истрагата заеднички ја види антитерористичкиот оддел на париската полиција и Генералниот директорат за внатрешна безбедност (DGSI).