Исламските милитанти ја нападнаале зградата на владата во Џалалабад, источен Авганистан и зедоа десетици заложници откако бомбаш-самоубиец ја активирал бомбата на влезот, изјавија официјални лица и очевидци.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.
Според очевидци, нападот започнал кога црн автомобил застанал на влезот на зградата што ја користи Министерството за бегалци, а еден од напаѓачите излегол и отворил оган. Вториот напаѓач се разнел на портата, додека двајца други напаѓачи влегле во зградата.
Неколку минути подоцна, автомобилот експлодирал и повредил неколку лица на улица.
Безбедносните сили ја затворија областа, а се слушаат пукотници и се гледа црн чад.
Сохраб Кадери, член на локалниот административен совет, изјави дека во времето на нападот во зградата имало околу 40 лица.
Портпаролот на провинциската влада, Атаулах Когања, изјави дека нападот се случил за време на состанокот со претставниците на бегалските невладини организации.