ВИДЕО: Исламисти го забранија Интернетот

Сомалиските бунтовници припадници на групата „Аш Шабаб“ го забраниле Интернетот во регионите од земјата кои се под нивна контрола, јави „Франс Прес“, пренесува Нетпрес.

„Сите комуникациски компании, кои доставуваат Интернет преку телефонска линија или, пак, преку оптички кабел во Сомалија, имаат рок од 15 дена за да ја стопираат услугата, сметано од датумот на објавување на соопштението“, било наведено во информацијата до јавноста која ја испратиле исламистите, а ја објавиле повеќе интернет страници кои се под контрола на „Аш Шабаб“.

„Секоја компанија или физичко лице, ќе бидат сметани како припадници на злото и ќе бидат третирани соодветно со правилата на исламскиот закон, шеријатот, ако ја прекршат наредбата“, се заканиле исламистите.

„Аш Шабаб“ контролираат големи селски реони во африканската држава Сомалија.