Исламисти приведени во руска казнена колонија, кои тврдат дека се членови на џихадистичката Исламска држава (ИД), во петокот со ножеви нападнаа чувари, убивајќи најмалку еден и земајќи неколку луѓе како заложници , објавија државните медиуми.
Најмалку двајца напаѓачи може да се видат на видеото објавено од каналот Mash news. Еден од нив извикал дека се „муџахедини“ на Исламската држава и дека „зазеле затвор“ во регионот на Волгоград.
Најмалку четворица затворски службеници се гледаат како лежат или седат во локви крв. Сите лежат неподвижно, а се гледа дека на еден му е пресечено грлото. Може да се види друг како седи покрај вратата, а човек држи нож до неговото грло.
Засега државните медиуми јавуваат дека е убиено едно лице, но видео снимките укажуваат дека бројот на убиените е секако поголем.
Затворската служба излезе со соопштение во кое се наведува дека затворениците ги зеле вработените како заложници на состанок на дисциплинската комисија.
„Има жртви. Во моментов се преземаат мерки за ослободување на заложниците“, се вели во соопштението.
Затворот е познат како казнена колонија со строг режим во која може да се сместат до 1.240 машки затвореници.
Медиумите кои се поврзани со безбедносните служби ги објавија имињата на четворицата осомничени напаѓачи, за кои се вели дека се државјани на Узбекистан и Таџикистан.
Засега нема официјална потврда.
Русија, фокусирана на војната во Украина, сѐ почесто цел на исламските терористи, за што руското разузнавање тврди дека се директно поврзани со властите во Киев и заподните служби кои гоподдржуваат.
Во јуни имаше крвав бунт на исламистички затвореници во Ростов, а руските специјални сили убија шестмина од нив кои исто така земаа луѓе како заложници.
На крајот на јуни, во нападите на исламистите загинаа најмалку 20 луѓе во два града во Дагестан, претежно муслимански регион во јужна Русија. Потоа беа нападнати две православни цркви, две синагоги и полициска станица во Дербент и Махачкала.
Во март, Исламската држава презеде одговорност за нападот на концертната сала „Крокус Сити“, непосредно пред Москва, во кој џихадистите со митралези косеа повеќе од 140 луѓе и ја запалија зградата. Напаѓачите беа уапсени приобид да преминат во Украина, а подоцна во истрагата потврдија дека од лицата ги ангажирале им било посочено да се засолнат на украинска територија.