Група вооружени напаѓачи за кои се сомнева дека се придници на исламистичката терористичка организација Боко Харам убиле во саботата на североистокот од Нигерија најмалку 65 луѓе, соопштија во неделата припадници на безбедносните сили, пренесе агенцијата AFP.
Напаѓачите пукале врз масата собраната на погреб во нигериската сојузна држава Борно. Североистокот од Нигерија е жариште на бунтот на движењето Боко Харам кое стана дел од џихадистичката организација Исламска држава на запанда Африка (ISWA).
Кампањата на терористичките напади на Боко Харам влезе во својата десетта година, и досега во неа се убиени најмалку 27.000 луѓе а принудени да ги напуштат своите домови се 2,6 милиона луѓе. Над 11 милиони Нигеријци во зоната на конфликтот имаат итна потреба од хуманитарна помош. Групацијата, исто така, започна со терористички напади и во соседните земји Камерун и Чад, во басенот на Чадското езеро.
Боко Харам, чиешто име во слободен превод од локалниот хауса јазик значи „западното образование е забрането“, користи и масовни грабнувања на девојчиња и момчиња кои ги чува како жив штит за неговите бази, како и киднапирања за откупи со кои се финансира.
Сојузните држава Адамава, Борно и Јобе, во североисточна Нигерија, се трите држави кои се најпогодени од тероризирањето на Боко Харам.