Членови на џихадистичката фрупа Исламската држава (ИД) денеска преку неколку фотомонтажи, со пораки на германски јазик повикаа на напади врз цели во Германија по урнекот на оние во Брисел, јави дописникот на МИА од Берлин.
На едната фото монатажа, која денеска попладне е објавена на интернет, се гледа зградата на аеродромот во Келн-Бон со порака: „И вие можете да го направите тоа што успеаа да го направат вашите браќа во Беглија“.
На втората фотомонтажа е прикажано седиштето на германската Влада во пламен, а на сликата се гледааат и маскиран борец, знаме на ИД и руски тенк од Втората светска војна. Пораката на втората фотомонтажа е; „Германија е бојно поле“.
Пропагандата на ИД содржи и фотомонтажа од германски воен авион како лета врз ранети деца, што најверојатно укажува на германското учество во мисијата за напади врз позициите на ИД во Сирија.
На четвртата фотомонтажа се гледаат четири борци на ИД до знамето на терористичката група кои се борат против „непријателите на Алах“.
Предходно, слична фотомонтажа беше објавена и за цели во Италија, конкретно за плоштадот Свети Петар во Рим, кој според пораките треба да стане место каде што ИД ќе ја продолжи светата војна.
Германските власти досега не објавија кој стои зад пропагандните материјали што најверојатно се изготвени од членови на ИД од Германија.
Претходно денеска, главниот советник на унгарскиот премиер Виктор Орбан, Ѓерѓ Баконди изјави дека ИД се заканува со напад на Европа, а Унгарија е наведе како можна цел.
Тој на прес-конференција истакна дека унгарската Влада сериозно ќе ја разгледа оваа информација.
Според Баконди, унгарскиот министер за внатрешни работи за в петок свикал средба за прашања во врска со антитерористичкиот акционен план на Владата.