Ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава ја презеде одговорноста за саботниот самоубиствен напад на свадба во Кабул, кога загинаа 63 лица, а 182 беа повредени.
Одговорноста ја презеде огранок на Исламска држава во Авганистан. Талибаните од претходно негираа вмешаност во нападот.
Според изјави на очевидци на свадбената свеченост на која имало околу 1.200 гости, претежно биле припадници на малцинската шиитска заедница во Авганистан.
Заедницата на Хазара шиитите е најсиромашната етничка група во земјата, и изнесува околу 22 отсто од населението на Авганистан. Нејзините припадници често се цел на масовни киднапирања на убиства, што во минатото предизвикаа неколку големи шиитски протести во Кабул и во други градови. Кон средината на август минатата 2018 година 50 шиитски муслимани беа убиени во бомбашки напад пред образовен центар во Кабул, а само две седмици подоцна во шиитскиот кварт Дашти Барчи беа убиени уште 20 луѓе.