Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот близу Москва

Најмалку 40 луѓе се убиени, а 145 ранети кога маскирани терористи нападнаа публика во концертна сала надвор од Москва, најсмртоносниот напад во Русија во последните децении. Одговорноста ја презеде ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава.

Исламска држава, џихадистичката групација која порано контролираше големи делови од Ирак и Сирија, ја презеде одговорноста за нападот, според каналот Telegram na терористите.

„Борците на Исламската држава нападнаа голем собир на христијани во градот Красногорск, предградие на руската престолнина Москва, убивајќи и ранијќи стотици и предизвикувајќи широко уништување пред безбедно да се вратат во своите бази“, се вели во објавата.

Руската полиција и безбедносните сили соопштија дека „трагаат“ по напаѓачите одговорни за вооружениот напад и оган во концертната сала „Крокус Сити Хол“ во близина на Москва.

Најмалку пет вооружени лица почнаа да пукаат врз цивилите кои се собраа во слата „Крокус Сити Хол“, чиј што капацитет е 6.200 посетители, непосредно пред настапот на рок-групата „Пикник“.

На видеата објавени во медиумите и на социјалните мрежи се гледаат луѓе како трчаат и се кријат од напаѓачите, а потоа брзаат кон излезите. Некои жртви лежа неподвижни во локви крв.

„Одеднаш зад нас се слушнаа истрели. Рафален оган“, изјавил за Reuters сведок кој сакал да остане анонимен. „Почна стампедото. Сите истрчаа до ескалаторите… Сите врескаа, сите трчаа“, рекол очевидецот.

Според изјавите на сведоците, напаѓачите, кои носеле маскирни униформи и биле вооружени со автоматски пушки, фрлиле и запаливи бомби и предизвикале пожар кој изгорел третина од салата, додека покривот на салата е целосно уништен. Оттогаш пожарот е ставен под контрола.

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека загинале околу 40 лица, додека регионалното министерство, цитирано од новинската агенција Тасс, соопшти дека 145 се ранети. Многу од нив се во тешка состојба.

Тоа е еден од насмртоносните напади во Русија од опсадата на училиштето во Беслан во Северна Осетија во 2004 година, кога исламистичките милитанти зеле како заложници повеќе од 1.100 луѓе а меѓу нив 777 беа деца, во драмата џихадситите убија 334 заложници од кои 186 деца а руските безбеднсни лица заубија 21 припадник. Меѓу загинатите и повредените на концертот има и деца.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави дека станува збор за „крвав терористички напад“ кој целиот свет треба да го осуди.

Рускиот претседател Владимир Путин сѐ уште не се огласи за нападот, а континуирано е информиоран од првиот момент, наведе Кремљ.

 

Осуди

САД, европските и арапските сили и многу поранешни советски републики изразија шокираност, осуда и неверување од нападот. Советникот на украинскиот претседател Михајло Подољак негираше каква и да вмешаност на Украина.

„ЕУ е шокирана и ужасната од извештаите за терористички напад врз Крокус во Москва. ЕУ ги осудува сите напади врз цивили“, изјави портпаролот Питер Стано..

Германското Министерство за надворешни работи во својата реакција објави дека „застрашувачки е снимката од страшниот напад врз невини луѓе во градското собрание Крокус во близина на Москва.

„Заднината на овој напад мора брзо да се открие. Испраќаме длабоко сочувство до семејствата на жртвите“, соопшти германското Министерство за надворешни работи.

Француското Министерство за надворешни работи во петокот вечерта објави дека мислите се со жртвите од престрелката во Москва и со рускиот народ.

Турција, исто така, го осуди пукањето во концертниот центар „Крокус Сити Хол“ во близина на Москва во петокот навечер, нарекувајќи го терористички напад, му рекол министерот за надворешни работи Хакан Фидан на својот руски колега Сергеј Лавров во телефонски разговор, според турски дипломатски извори.

Американската амбасада во Москва во петокот соопшти дека е шокирана од масовното пукање во близина на Москва и изрази сочувство до рускиот народ.

 

Американско предупредување

Пред две седмици американската амбасада во Русија предупреди дека „екстремистите“ планираат напад во Москва. Амбасадата го издаде предупредувањето неколку часа откако ФСБ соопшти дека спречила напад на ќелија на Исламската држава врз синагога во Москва.

По нападот, Русија ја зајакна безбедноста на аеродромите, транспортните центри и низ главниот град, огромна урбана област со повеќе од 21 милион луѓе. Сите јавни настани низ државата се откажани.