Србија се наоѓа на петтото место од 21 земја чија муниција ја користат припадниците на Исламската држава во Сирија и Ирак, стои во извештајот на истражувачката група „Конфликт Арамент Рисрч“.
Српската муниција што ја користи ИД, е произведена во периодот од 1945, па се до 2014 година, иако најголемиот дел потекнува од периодот од 1970 до 2000 година.
Од повеќе 1.730 типови на муниција што ја користат припадниците на ИД, 142 се српски, 445 кинески, 338 советски, 323 американски, но не заостанува ни Русија од потекнуваат 154, се додава во извештајот.
Кога би се земала предвид, муницијата што ја користи ИД произведена од 2010 година, па досега, Србија е на четвртото место по Бугарија, Кина и Турција, стои во споменатиот извештај.
Српската муниција што ја користи ИД, потекнува од фабриката „Први партизан“ од Ужице, која е снабдувач со оружје и на српската војсака и полиција, како и на многу армии ширум светот. Фабриката „Први партизан“ воедно произведува и ловечки пушки и спортска муниција, која се продава ширум светот, истакнува во својот извештај „Конфликт Армамент Рисрч“.