Исламски џихад објави видео со двајца заложници во Газа

Радикалното сунитско палестински движење Исламски џихад објави во четвртокот видое-снимка со двајца израелски заложници кои ги држаат во Појасот Газа, 70-годишна жена и 12-годишно момченце, порачувајќи дека е е подготвено да ги ослободи „доколку бидат исполнети безбедносните услови“.

Споменатата групација, којашто е на листата терористички организации на многу земји во светот, соопшти дека би ги пуштила на слобода Хана Катцир и Јагил Јакоб од „хуманитарни причини“. Двајцата биле грабнати од кибуцот Нир Оз.

„Подготвени сме да ги ослободиме од хуманитарни причјни кога ќе бидат исполнети безбедносните услови на теренот“, изјави портпарлот на военото крило на Исламски џихад, познат под борбениот прекар Абу Хамза.

Исламски џихад во Појасот Газа се сојузи со движењето Хамас, кое владее од 2007 година со палестинската енклава, во борбата против Израел.

Израелската војска го осуди објавувањето на снимката како „психолошки тероризам од најлош вид“.

Абу Хамза потврди дека Исламски џихад заедно со Хамсс го започнал нападот на 7-ми октомври во јужен Израел, кога ги изненади израелските безбедностин сили и разузнавачки служби заземајќи неколку воени бази и навлегувајќи во израелски населби и градови при што беа убиени 1.400 лица, од кои над 300 израелци војници, и грабнаа речиси 250 луѓе.

Меѓу грабнатите има и странски државјани, како и луѓе со двојно државјанство. Хамас потврди дека држи како заложници околу 200 лица грабнати во Израел. Исламски џихад потврди дека ги држи другите заложници, но не прецизираше за колку станува збор.

На видео-снимката, и момченцето и 70-годишната жена изразија желба што поскоро да бидат ослободени за да се вратат во нивните семејства, и го осудија начинот на кој израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху управува со оваа криза.

Портпаролот на Исламски џихад во снимката наведува дека на возрасната жена ѝ е загорзено здравјето бидејќи не може да се води здравствена грижа за неа поради недостигот од струја и горива, откако Израел на 8-ми октомври ја исклучи затегнувајќи ја блокадата воведена над Појасот Газа во 2008 година.

За 12-годишното момченце рече дека движењето е подготвено да го ослободи од хуманитарни причини и поради неговата возраст, иако, како што потсетија „затворите на (израелските) окупатори се полни со палестински деца.“