За судењето и фаворизирањето на некои репрезентации на ова Светско првенство, очигледно не беа лути само Македонците. По вчерашаната победа на Хрватска над Словенија, лавина негативни коментари за судиската арбитража на мечот во загрепската Арена, стигнаа и од ракометните навивачи од Исланд.
Исланѓаните не успеаја да се пласираат во елиминациската фаза, откако хрватска синоќа ја победи Словенија. Натпреварот го водеа Чесите Вацлав Хорачек и Јиржи Новотни, а незадоволните од исходот на натпреварот исландските фанови имаа жестоки реакции, пред се на судиската арбитража.
„На Хрватска и помогна тоа што 55 минути играше со девет против седум“, „Судиите многу им помогнаа“, „Натпреварот беше наместен“, „Каква срамота за судиите“, „Ракометот никогаш нема да биде сериозен спорт додека ИХФ не го реши прашањето за очигледно корумпираните судии“…, се само дел од коментарите на исландските фанови.
Фото: ИХФ