Исланѓаните „во живо“ го следат изумирањето на последниот бургер на McDonald’s

Десетина години стариот бургер на McDonald’s, последниот кој е послужен пред овој синџир ресторани за брза храна да ги затвори своите локали на Исланд, „одумира“ во живо пред илјадниците корисници на интернет.

Наизлгед неуништливиот бургер со порција пржени компирчиња е заштитен со стакло, како да станува збор за некоја скапоценост.

Американскиот синџир ги затвори своите три објекта на Исланд во текот на големата финансиска криза во 2009 година, и така оваа островска земја стана единствената држава на Западот без ресторан на McDonald’s.

Хјортур Смарасон на 31-ви октомври таа година, пред затворањето на последниот ресторан го купил бургерот кој го зачувал.

„Решив да го купам последниот оброк поради неговата историска вредност, бидејќи McDonald’s се затвораше. Имав слушнато дека McDonald’s никогаш не се распаѓа и сакав тоа да го проверам“, вели десте години подоцна за AFP Смарасон, менаџер за комуникации за компанија којашто е специјализирана за вселенски туризам.

Во почетокот овој бургер го чувал во гаражата, а потоа го позајмил на Исландскиот национален музеј. Бургерот потоа е преместен во хотел во главниот град Рејкјавик, а сега е изложен во хостел во Тикквибаер, на југот на Исланд.