Исланд е првата европска земја што ја затвори амбасадата во Москва

Исланд ја затвори својата амбасада во Москва и со тоа стана првата европска земја што презеде ваква мерка. Исланд денеска најави и дека ќе го засили своето присуство во Украина. Во соопштенито од Минстерството за надворешни работи на Исланд објаснуваат дека сепак овој потег не значи прекин на дипломатските односи.

Штом се исполнат условите за дозвола, Исланд ќе даде приоритет на враќањето на активностите на амбасадата во Москва“, се вели во соопштението на исландското Министерство за надворешни работи.

Исланд, земја со 35.000 жители, има амбасада во Москва од 1944 година, освен во периодот од 1951 до 1953 година.

Таа амбасада го претставуваше Исланд, покрај Русија, и во Ерменија, Белорусија, Казахстан, Киргистан, Молдавија, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан, сите поранешни советски републики.