По финансискиот колапс од 2008 година, островската држава Исланд има намера да ги отпише хипотеките на граѓаните и да ги ослободи од плаќање данок на три години.
Според новите мерки за економско заздравување, на секое домаќинство кое има долг за станбен кредит владата ќе му отпише 24.000 евра.
Во оваа која има само 320 илјади жители проблематичните хипотеки изнесуваат дури 1.25 милијарди долари и влијаат на курсот на домашната валута. Вкупната вредност на исландската економија се проценува на 14 милијарди долари.
Повеќе од половина од отпишаниот долг го чинат директни хипотекарни кредити кои Исланѓаните нема да мораат да ги враќаат, а остатокот од износот е од данок за граѓаните во следните три години.