Исмајлоска Старова не била во Мериот: Кога го апсеа Мијалков бев на друго место

Пратеничката Нола Исмајлоска-Старова вечерва на телевизија Телма ги демантираше информациите дека таа била со поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков во Мериот кога го апсеа. Во јавноста излегоа информации дека во моментот на приведување, Мијалков бил во друштво на пратениците Исмајлоска-Старова, Сашо Василевски и Крсто Мукоски.

Целтата за вистина за 27 април не е целосно излезена. Јас верувам дека колегите пратеници немале лоша намера, а и дека веруваат дека треба да одиме понатаму. Не бев присутна кога го апсеа Сашо. Слушнав за тие информации, но не бев таму. Не негирам дека сум се сретнала, но кога го апсеа бев на друго место, вели Исмајлоска-Старова.

За бегството на поранешниот премиер, Никола Груевски рече дека не може да разбере зошто го направил тоа.