Исмет Гури избегал од куќен притвор

Поранешниот заменик директор во дирекцијата на Управата за јавни приходи и функционер на ДУИ Исмет Гури е недостапен за органите на прогонот, објави 4NEWS.mk

Според некои информации при последна контрола од полицијата, Исмет Гури не бил пронајден на адресата пријавена за куќен притовор.

Тој во последно време беше во куќен притвор, откако судот го ослободи од затвор поради потреби за редовно примање медицинска терапија.

Гури е еден од осомничените во истрагата која се води против 15 лица кои се сомничат за даночно затајување, злосторничко здружување и перење пари, за кои обвинителството објави истрага минатата година. Осомничените го довеле во заблуда даночниот орган – УЈП и неосновано побарале и добиле враќање на ДДВ од околу 840.000 евра.