ИСОС: Институтот во целост постапува согласно дадените насоки, ќе продолжи да ги поддржува сметководителите кои легално вршат сметкводствени услуги

Институтот за сметководители и овластени сметководители на Република Македонија (ИСОС) по барање на своите членови од 2016 година континуирано спроведува активности и состаноци од кои произлегоа предлози преточени во акт за утврдување на основните критериуми за утврдување на цени на сметководствените услуги.

За донесениот акт, а во врска со критериумите Министерството за финансии се обрати со допис до институтот на 20.06.2017 со кој укажува кои активности и акти можат да се спроведуваат согласно Законот за вршење сметководствени работи и Статутот на Институтот, а во врска со кој допис Институтот излезе со информација дека постапува согласно дадените насоки и во согласност со Законот и Актите на ИСОС.

И покрај тоа во недела на  2 јули годинава извесна организација Бизнис конфедерација, без да се обрати до Институтот и да се информира за неговите активности, спровела и објавувила правна анализа на непостоечка одлука со која се обидува да пласира невистини во јавноста и со кое го нарушува угледот на институтот за што ќе бидат преземени соодветни постапки.

За таа цел ја информираме целата јавност дека Институтот на сметководители и овластени сметководители и понатаму во интерес на своите членови и општествената заедница во целост, согласно Законот за вршење сметководствени стандарди, Статутот, Годишната програма за континуирано професионално усовршување на Институтот, IFAC-овиот кодексот за етика на професионалните сметководители и Мегународниот стандард за едукација, ќе продолжи со активности за донесување и рангирање на сите критериуми кои ќе бидат основ за утврдување на цените на сметководствените услуги, и со тоа конечно да биде вреднуван интелектуалниот труд на сметководителите кои легално вршат сметкводствени услуги.