Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски сподели дека денеска е исплатена бонус плата за вработените од МВР. Таа изнесува 36.614 денари.
Денеска (01.08.2024) е исплатена бонус плата за 2023 година, право кое го оствариле 5.635 вработени во МВР.
Поединечниот износ на бонус платата изнесува 36.614 денари. Бонус платата е исплатена на вработени во МВР кои што оствариле над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво за 2023 година, објави Тошковски.