Исплатена оштета за поплавените во струмичко

Владата денес исплати 29,9 милиони денари оштета на 394 лица од струмичкиот регион кои претрпеја штета во поплавите.

Исплатата на штетите од поплавите следува по даденото ветување од страна на Владата.

Министерството за финансии денеска соопшти дека исплатени се и 527 илјади денари оштета на граѓаните во Градско и 489 илјади денари на граѓаните од Чешиново-Облешево.

Досега се исплатени вкупно 144,24 милиони денари на 2.218 оштетени од поплавите кои се случија годинава. Отштета е исплатена и на граѓаните од Могила, Новаци, Демир Хисар, Битола, Босилово, Кривогаштани, Велес, Пробиштип и Штип.

Владата ќе продолжи со исплатата на оштета од поплавите, се наведува во соопштението од Министерството за финансии.

До 15-ти септември исплата на штетите од поплавите во Струмица

Претходно министерот за финансии, Зоран Ставрески информира дека до 15-ти септември ќе има исплата на штетите од поплавите во општина Струмица, и додаде дека исплатата за таа намена ќе продолжи и во останатите општини.

stavreski-dava-izjava-bosilovo

При посета на општина Василево Ставрески рече дека ќе се исполни даденото ветување за исплата на штетите од поплавите до оваа среда.

До 15-ти септември исплата на штетите од поплавите во Струмица

Исплатата на штетите од поплавите се одвива континуирано во сите општини во Република Македонија што се погодени од поплавите. Како што најави премиерот при посетата на општина Струмица ќе го исполниме тоа што беше кажано односно до среда следната недела ќе бидат исплатени налозите што се однесуваат на штетите на поплавите во општина Струмица. Се работи за преку 400 налози, за 400 семејства, а износот на средства е 33 милиони денари. Агенцијата и комисиите ја привршуваат работата и во понеделник ќе ги достава налозите и почнуваме со нивната исплата, така што заклучно следната недела ќе бидат целосно исплатени и обештетени, изјави своевремено Ставрески одговарајќи на новинарски прашања, пренесе МИА.

Како што посочи вицепремиерот, истовремено ќе продолжи исплатата на штетите на поплавите и во останатите општини низ државата.

Граѓаните треба да очекуваат односно оние кои се уште не добиле, како и на другите што претходно беа исплатени дека и ним ќе им бидат исплатени средства во сите општини вклучително и во овој крај, рече Ставрески.

 

 

Досега во неколку општини беа исплатени штетите од поплавите. Повеќе за ова на следниотлинк.