Владата продолжува со исплата на обесшетувањето на земјоделците и домаќинствата кои претрпеа штети во поплавите што во текот на јануари и февруари годинава ја погодија Македонија. Денес се исплатени 14 милиони денари отштета на 250 земјоделци од Босилово.
Покрај земјоделците од Босилово, досега пари за отштета од поплавите им се исплатени на домаќинствата и земјоделците од Могила, Новаци и Демир Хисар.
Инаку, Владата донесе мерка за стопроцентно обесштетување на земјоделците и домаќинствата од штетите од поплавите во јануари и февруари годинава.
Исто така, преземени се и мерки за обнова на оштетената инфраструктура, патиштата, водоводните системи, малите брани итн.