Владата на Република Македонија досега исплати 52 милиони денари за отштета на земјоделците и домаќинствата зафатени од поплавите во јануари и февруари годинава, информираат од Министерството за финансии.
Станува збор 1.377 лица од Могила, Новаци, Демир Хисар, Битола, Босилово и Кривогаштани. Следната недела на уште 323 лица од овие општини со одлука на Владата ќе им бидат исплатени уште 8 милиони денари.
Бирото за судски вештачења работи на проценка на штетите и во останатите општини погодени од поплавите.
Владата на Република Македонија донесе одлука за стоотстотно обештетување на земјоделците и домаќинствата зафатени од поплавите во јануари и февруари годинава. Освен штетите на граѓаните ќе се издвојат средства и за покривање на штетите настанати на локалната инфраструктура во општините зафатени од поплавите.