![turcija zemjotres](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/03/turcija-zemjotres.jpg?resize=640%2C426&ssl=1)
Исплатата на осигурувањето за жртвите од разорните земјотреси во Турција во февруари изнесуваше повеќе од 19 милијарди турски лири (речиси милијарда американски долари), објави во понеделникот новинската страница Хабер Глобал, цитирајќи ја Агенцијата за осигурување од природни катастрофи (ДАСК), цитирана од БТА.
Според податоците на ДАСК, заклучно со 17 април, пристигнати се 469.035 пријави за штети, а 54.600 допрва треба да се процесуираат.
Повеќе од 50.000 луѓе загинаа во Турција, а 115.000 беа повредени во двата разурнувачки земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала што ја потресоа земјата на 6 февруари.
Соседната Сирија, исто така, настрада од земјотресот и имаше илјада жртви.