На сметките на 28.168 субјекти се исплатени близу 1,7 милјарди денари за произведен и предаден тутун од реколта 2020 година, информира Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурланиот развој.
Станува збор за производителите кои што произведениот тутун го предале во регистриралните откупни центри: „Тутунски комбинат“ Прилеп, „Алијанс“, „Сокотаб“, „Пашоски“, „Секе“, „Орбита табак“, „Кавекс Балкан“, „Мисириан“ и „Бако“.
Висината на директните плаќања изнесува 80 денари по килограм за прва класа произведен и предаден тутун, 70 денари за втора класа , и 60 денари за трта класа произведен и предаден тутун од реколта 2020 година.
Заедно со оваа исплата од почеток на годината на сметките на земјоделците исплатени се близу 3,5 милјарди денари за субвенции по повеќе мерки.