Исплатени се 5,2 милиони евра субвенции за производство на грозје

Вкупно 315.745.324 денари (5,2 милиони евра) денеска, на денот на заштитникот на лозарите Свети Трифун, им се исплатени на 11.689 лозари за произведено грозје во 2024 година, соопшти Министерството за земјоделство.

Исплатата се однесува за подмерката 1.11 за остварено производство на грозје.

– Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат пријавено обработлива земјоделска површина со лозови насади, а оствареното производство на грозје го предале во регистриран откупувач, вклучително и произведеното грозје за сопствениот преработувачки капацитет или производството го користеле за сопствено потреби и продажба на пазар – појаснија од Министерството за земјоделство.

Висината на директните плаќања се зголемува за 8.400 денари по хектар во однос на утврдената висина на директните плаќања од оваа подмерка.