Исплатени се субвенциите за мерките 2.12 дополнителни директни плаќања од подмерка 2.08 и 2.10 за предадено јагне и или јаре во регистриран кланичен капацитет, информира денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.
-Денес се исплатени 75.640.400 денари кои ќе им бидат на располагање на сметките на земјоделците. Остварено е уште едно ветување дека ќе го средиме хаосот со исплатите на субвенциите, само со чесна, со одговорна и посветена работа во интерес на нашите земјоделци, изјави Трипуновски.